Во 2018. и 2019. година Инкубатор програмата за култура промовираше 52 млади уметника од три уметнички категории – современ танц, музика и визуелни уметности. Програмата во 2018. година беше поддржанa од Aмбасадата на Швајцарија во Македонија, а во 2019. од Министерството за култура.

ИНКУБАТОР како културна програма претставува нова платформа за интегрирање на млади креативни поединци во современиот уметнички контекст, овозможувајќи им професионална поддршка, менторство и простор за креативна експресија и реализација на нивните идеи.

Посветени сме на ангажирање и обезбедување можност на сите амбициозни и љубопитни млади уметници да ги осознаат своите креативни граници и да се вклучат во практично искуство кое во крајна линија ќе генерира квалитетен производ – Професионална танцова продукција како резултат на синергија на танцовата, музичката и визуелната уметност.