Ментори

Рисима Рисимкин – Кореограф и уметнички директор

Рисима Рисимкин е еден од водечките македонски кореографи и уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцовиот театар, првата официјална компанија за современ танц во Македонија. Докторира на државниот Универзитет “Кирил и Методиј“ во Скопје на тема “Компаративна поетика на современите танцови стилови во Европа во 20 век“, каде се стекнува со титулата Доктор на филолошки науки, а магистрира на Универзитетот во Пловдив, Бугарија, на Академијата за Музичка и Танцова уметност (АМТИ) на отсек за кореографија, балетска режија и педагогија, со звање балет-мајстор. Работи и како вонреден професор на Катедрата за современ танц, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје. Од октомври 2010 година, ја води студиската програма за современ танц – Skopje Dance Academy, во соработка со престижната Rotterdam Dance Academy од Холандија. Во периодот од 2005 – 2013 е член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО во Париз, Франција, во два последователни мандата. Во сезоната 2012-2103 година, Рисимкин е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција. Основач е на Интерарт Културниот Центар (1996) преку чии активности ја развива македонската современа танцова сцена. Се вбројува меѓу најплодните современи македонски кореографи, како авангарден претставник во современото творење. Ја претставува активно Македонија на меѓународната современа танцова сцена со свои претстави, за кои добива одлични критики. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и Награда за исклучителен придонес за развој на културата во Република Македонија. Во 2011 година е прогласена за една од 10-те топ менаџерки во Република Македонија. Рисима Рисимкин ја претставува Македонија како кореограф во Aркус, Данска (1993); Лајпциг, Келн и Дизелдорф, Германија (1998, 2010, 2012); Солун, Грција – Европска Културна Претстолнина (1998); Лисабон, Португалија – EКСПO – Национален ден на Македонија (1998); Нијамеј, Нигер (2005); Санвинченто, Хрватска (2011); Белград, Србија (1997); Варна, Софија и Бургас, Бугарија (1995, 1997, 1998); Подгорица, Црна Гора (1998), Лондон, Велика Британија (2012), Ротердам, Амстердам и Хаг, Холандија (2010, 2013, 2017 и 2018); Пекинг, Кина (2015, 2016, 2017), Љубљана, Словенија (2017) и др. Во 2010 година Рисимкин работи како гостин-кореограф во Ротердам, Холандија и во Националниот балет Љубљана, Словенија. Таа е првиот македонски кореограф кој работи во Национална куќа во странство како гостин-кореограф на Нацинален балет – Љубљана, Словенија) и уметнички директор (Национален балет Анталија, Турција). Во 2016 година работи како гостин-кореограф во Nine Contemporary Dance Company од Пекинг, Кина. Премиерата на претставата “Р.Е.М. Низа од соништа“ се одржа како дел од церемонијата на затворање на Интернационалниот фестивал за современ танц во Пекинг, “The New”. Претставата “Р.Е.М. Низа од соништа“, во април 2017 имаше европска турнеја и гостуваше на сцените во Скопје, Македонија; Љубљана, Словенија и Хаг, Холандија. Нејизната короеграфија „Котел“ во фебруари 2018 година се изведе на престижниот Holland Dance Festival во Хаг, Холандија а ќе се изведе и на Свеченото затворање на престижниот фестивал Battery Dance Festival во Њујорк, САД.

 

Тони Китановски – Џез музичар

Китановски е одличен композитор и гитарист со извонредна техника и имагинација, инспириран од најголемите мајстори на гитарата во светот. Роден e во Скопје во 1964 година. Од крајот на 1970-тите години и во дел од 1980-тите, негов музички ментор е Драган Ѓаконовски – Шпато. Од 1986 до 1990 година го води триото „Шпато“ со кое одржува бројни концерти. Од 1990 до 1997 година престојува во САД, каде што и студира. Дипломира со оригинална композиција на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон, а паралелно компонира за оркестарот на Херб Помероу и за биг-бендот на Грег Хопкинс. Во 1997 година се враќа во Македонија, и во Скопје го формира составот „Луна“, а подоцна и своето трио. Повторно соработува со голем број реномирани светски музичари, меѓу кои се и Грег Хопкинс, Чарли Мариано и Мет Дариау. Во 1998 година, за продукцијата на „Скопскиот џез фестивал“ го објавува својот прв албум „One For Charlie“, а една година подоцна, со своето трио, го промовира албумот во рамките на кумановскиот „Летен џез фестивал“. На двојното Це – Де од фестивалот (Летен џез фестивал – Куманово, 26-29 август 1999) се наоѓаат две композиции на Триото на Тони Китановски: „One for Charlie“ и „Lonely Woman“, меѓутоа, поради техничките недостатоци од живиот настап, на дисковите се ставени снимките од студискиот албум. Во рамките на „Скопскиот џез фестивал“, во октомври 2000 година, Тони Китановски настапува во дует со македонскиот музички егзибиционист и вибрафонист Зоран Маџиров. Материјалот од овој настап, насловен како „Дует“, е објавен во 2001– та година, од страна на „Скопскиот џез фестивал“. Подоцна Тони Китановски го основа скопското Школо за џез и современа музика.

 

Жарко Башески – Скулптор

Жарко Башески, роден во Прилеп во 1957г. е македонски вајар и професор на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал на ФЛУ во Скопје на Катедрата за вајарство во 1988г. Постдипломските студии ги завршил на истиот Факултет во 1998г. Од 2000г. работи како редовен професор на Факулетот за ликовни уметности во Скопје.
Моментално тој е член на Националниот одбор за акредитација и евалуација, член е на Сенатот на УКИМ, на Интеруниверзитетската конференција а исто така е и член на Комисијата за меѓународна соработка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2009г. бил член на Меѓународната консултантска комисија за реализација на споменик во леарницата во Виченца, Италија. Од 1999 до 2009г. бил раководител на Катедрата за вајарство при Факултетот за ликовни уметности, како и во овој период, кога повторно е избран за раководител на истата Катедра, од 2016-2020г. Во 2007г. бил координатор за областа вајарство на втор циклус студии. Има остварено над 45 самостојни и групни изложби на национално и меѓународно ниво. Тој е добитник на голем број награди и признанија меѓу кои се и две први награди на јавните конкурси – „Методија Шаторов Шарло“ и „Кузман Јосифовски Питу“. Голем дел од неговите уметнички творби се дел од приватни колекции во државата и странство.

 

Симонида Филипова – Ликовен уметник

Симонида Филипова Китановска е сликарка со богат и разновиден опус. Родена е во Скопје во 1965-та година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1988 под менторство на професорите Димитар Кондовски и Радољуб Анастасов. Во истата година станува и член на Здружението на уметници на Македонија. Од 1991 до 1997 живее и работи во Бостон, САД, по што се враќа во Македонија. Покрај традиционалните техники и медиуми работи со инсталации, видео арт, перформанс, дизајн и е активен инструктор по цртање и сликање, и во улога на ментор има одржано работилници во Франција и Италија. Постојано е присутна на меѓународната сцена и има остварено изложби во трисеттина земји на неколку континенти. Нејзините дела се каректеризираат со особена експресивност и експлозивен колорит. Добитник е на низа награди и признанија за својот артистички придонес меѓу кои Гран При – Интернационален натпревар за акварели и Наградата „Вангел Коџоман“ – Сликарство во мал формат.

Лидија Георгиева

Актуелно
Редовен професор по моден дизајн на ТМФ, УКИМ – Скопје
Колмунист за дизајн и лајфстајл во Економија и Бизнис – Скопје
Креација на колекции Лидија Георгиева, облека и модни додатоци, висока гама. Продажни места од постоењето на брендот– дизајнерски бутици во Париз, Њујорк, Токио, Милано, Лондон, Осака, Римини, Скопје (18 години)
2008 – 2010
Визитинг Доцент – моден дизајн, на Европски Факултет, Скопје
2008/9-2009/10
Визитинг Доцент – моден дизајн, на ФЛУ, УКИМ, Скопје 2009
2000-2010
Одговорен дизајнер во Париз за следните модни куќи и модни студија :
Одговорен дизајнер – Неколку брендови производи од кашмир – висока гама, лансирање женска колекција за француски клиенти, производство Непал, Кина, Хонг Конг ( Жур де кашмир, Габриел…)
Скутер, Париз – концепција на Тренд Букови за облека и модни додатоци за женски и машки колекции, лиценци на Скутер – Јапонија
Еланд, Париз – дизајн на колекции од крзно (висока гама)
Ернест Ле Гамин, Париз – дизајн на плетени колекции (средна гама)
95-98
РОШАС, Париз – Одговорен Дизајнер, лансирање и креација на Коктел Линија
94
Нели Роди, Париз – Гест Креатор на тенденции, концепција на колекција
93
Пред дождот, филм – Милчо Манчевски (Златен Лав – Венеција 94, номинација за Оскар) – Консалтинг, истрага и идејни решенија за костими
92
Поисон Руж, Париз – Фриленс Дизајнер за спортски брендови ( Леви`с…)
ПЈЕР БАЛМАН, Париз – Асистент Дизајнер во Студио за женски колекции
91-92
Корин Кобсон, Одговорен Дизајнер за линија ‘Ла Шемизери’ на КАШАРЕЛ

93-2017 Дизајнер и костимограф, креација на костими и сценографија на повеке театарски проекти, претстави, современ танц, анимиран филм и ТВ реклами
(Дух, Партија реми, Купидона, Шопинг, Мир, Улис…)

АВТОРСКИ РЕВИИ, МОДНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ И ИЗЛОЖБИ
98-2017 Модни недели – Париз, Лондон, Луксембург, Белград, Токио, Скопје
Зверки
во систем – МИКСЕР фестивал, Белград ; НГМ, Скопје
СДВ Скопје недела на дизајн изложби со хоум дизајн ( мебел, керамика…) РЕМИКС – Самостојна изложба, Музеј на Современа Уметност,Скопје

ОБРАЗОВАНИЕ И НАГРАДИ
2014
СТИЛИСТ.МК – Главна награда за најдобра колекција на СФВ, Скопје
2011
ФЛУ, Скопје – Магистер на Ликовни Уметности од област графика
91-89
ЕССА Дипере, Париз – Државна Диплома за Модно Креирање
Европски натпревар на млади креатори, Париз : Прва награда
Стипендија од Француската Влада – за специјализација во Париз, област мода
Пофалница од Универзитет Кирил и Методиј – Студент со највисок просек
88
ФЛУ, Скопје – Дипломиран Графичар со Модно Креирање
95-17
Публикации, интервјуа, портрети во познати часописи во Европа и Јапонија

ЈАЗИЦИ Македонски, Француски, Англиски, Српски: двојазично ниво