Мисија и визија

ICP – Создаваме заедно!

ИНКУБАТОР како културна програма претставува нова платформа за интегрирање на млади креативни поединци во современиот уметнички контекст, овозможувајќи им професионална поддршка и простор за креативна експресија и реализација на нивните идеи. Оваа програма има за цел да создаде нови современи танчери, кореографи, композитори и визуелни уметници и нивниот артистички израз да го спои во една уметничка целина.

Што создава нашиот ИНКУБАТОР?

Централниот столб на идејата е создавање нов модел на работа, чија цел е поддршка и промоција на продукциите на младите уметници во областа на танцот, музиката и визуелните уметности. Посветени сме на ангажирање и обезбедување можност на сите амбициозни и љубопитни млади уметници да ги осознаат своите креативни граници и да се вклучат во практично искуство кое во крајна линија ќе генерира квалитетен производ – Професионална танцова продукција како резултат на синергија на танцовата, музичката и визуелната уметност. Во предвидените едукативни работилници, танчери и кореографи ќе учествуваат/создаваат танцова кореографија, музичарите ќе бидат задолжени да компонираат оригинална музика за истата, додека визуелните елементи – сцена и костими ќе бидат одговорност на артистите задолжени за визуелната уметност.

Кои се целите на ICP?

  • Поголема афирмација современите уметности преку проактивно негување на нивните вредности
  • Реализирање активности кои ефективно ќе придонесат за развојот на младинската современа уметничка сцена (танц, музика, визуелни уметности)
  • Нагласување на претприемништвото во уметноста помеѓу младата креативна популација
  • Генерирање нова публика преку нов модел на работа
  • Создавање поволна клима за понатамошна реализација на самоодржливи проекти во полето на современата уметност