ПРОГРАМА
Март – Април 2019. година
Инкубатор програмата за култура ја продолжува својата дејност и за 2019 година планира работа со уметници кои ќе учествуваат во Интернационалниот фестивал „Танц Фест” 2019.
Инкубатор уметниците ќе имаат можност да соработуваат со танчерите на Скопје танцовиот театар и да учествуваат на свеченото отворање на фестивалот кое ќе се одржи на 4-ти април 2019 година, на големата сцена на Македонскиот народен театар.
Во тек е отворен повик за овој дел од програмата.
Програмата на Инкубатор се базира на едукација и продукции во областа на три невербални уметнички категории:
Програмата во текот на годината ќе се одвива преку отворени повици за аплицирање, со изградени критериуми во секоја категорија, селекција на кандидатите и средба со нив.
Процесот на реализација на програмата ќе се одвива преку ангажирани едукатори во секоја област, а под менторство нa определените ментори во секоја уметничка категорија.
Во сите три категории, се развиваат потенцијалот и креативноста на учесниците, врз база на редовна едукативна програма, како и нови креации.